Оптимизам кај германските компании кои работат во земјава, бидејќи околу 50% од компаниите-членки на Македонско-германското стопанско здружение планираат годинава да ги зголемат своите инвестиции во земјава, но истовремено очекуваат и зголемување на извозот. Германските компании на земјава гледаат како на перспективна економска дестинација и околу 90% од нив велат дека повторно би инвестирале во земјава, оти оценките за бизнис-климата се далеку поповолни годинава, во споредба со лани и оние во 2011 година. Ова го покажуваат резултатите од спроведената анкета со која се оценува бизнис-климата во Македонија за 2013 година, спроведена од страна на членките на Македонско-германското стопанско здружение и Унијата на германските комори за индустрија и трговија - Претставништво Скопје во првиот квартал од годинава. Во анализата која се спроведува по осми пат учествувале 165 членки на здружението.
Оптимизам кај германските компании кои работат во земјава, бидејќи околу 50% од компаниите-членки на Македонско-германското стопанско здружение планираат годинава да ги зголемат своите инвестиции во земјава, но истовремено очекуваат и зголемување на извозот.
Германските компании на земјава гледаат како на перспективна економска дестинација и околу 90% од нив велат дека повторно би инвестирале во земјава, оти оценките за бизнис-климата се далеку поповолни годинава, во споредба со лани и оние во 2011 година.
Ова го покажуваат резултатите од спроведената анкета со која се оценува бизнис-климата во Македонија за 2013 година, спроведена од страна на членките на Македонско-германското стопанско здружение и Унијата на германските комори за индустрија и трговија - Претставништво Скопје во првиот квартал од годинава. Во анализата која се спроведува по осми пат учествувале 165 членки на здружението.
- Сопствената деловна положба 44% од компаниите ја оценуваат како позитивна, а 50% како задоволителна. Околу 60% од анкетираните компании очекуваат подобрување на сопствената деловна состојба во текот на годината, а 12% очекуваат влошување - кажа Михаел Шмит, директорот на Германска стопанска комора во Македонија.
Според него, позитивни сигнали пристигнуваат и од секторот на инвестициите, бидејќи 45% од компаниите кои учествувале во анкетата изјавуваат дека планираат оваа тековна година да вложат во нови инвестиции, а лани вака размислувале само 39% од анкетираните компании.
Дека навистина се подобрува мислењето на менаџерите за бизнис-климата и актуелната економска состојба во земјава, покажува податокот што 42% од нив дале оценка дека таа е лоша, а лани тоа го сториле 48% од нив. Исто така, над половина од анкетираните германски и македонски компании не очекуваат промена во тековната 2013 година.
Македонија одлично котира и во анкетата во која биле анализирани 20 држави од Југо-Источна Европа. Своето мислење во неа го дале 1.600 врвни менаџери кои сметаат дека во Македонија има простор за инвестиции, оти земјата забележува континуиран развој.
- Македонија се наоѓа на одличното 4 место, а по неа на 5 и 6 место се Словенија која е дел од ЕУ и Хрватска, која наскоро ќе стане член на ЕУ - рече Матијас Ханел, претседател на Македонско-германското стопанско здружение.
Според него, предност за Македонија како бизнис-дестинација и место за инвестирање се набројуваат квалитетот на високото образование, квалифицираноста на вработените, продуктивноста на вработените, трошоците на трудот, стручното образование и даночниот систем, односно даночното оптоварување.
Ханел смета дека за поздравување е што напорите за привлекување на странски инвестиции од страна на македонската влада ги даваат првите резултати.
- Не радува фактот што две големи германски инвеститори од автомобилската индустрија во минатата година се одлучија да инвестираат во Македонија. Исто така германски компании учествуваат во реконструкцијата на РЕК Битола", обновата на железничките пруги во Македонија и модернизацијата на сообраќајната сигнализација во Скопје. Овие компании можат да послужат како добар пример за понатамошни германски инвестиции - нагласи Ханел.
Александар Тиман од ММФ рече дека предност за Македонија е што на почетокот на кризата во 2008 година стартуваше со низок јавен долг, а неговите препораки се дека на среден рок за две до три години треба да се намалат долговите и дефицитот.
- Сметам дека политиките треба да го поддржуваат развојот, не е потребно во овој момент да има фискално затегнување, но треба да се намали дефицитот - вели Тиман.
Според него, тоа ќе треба да се направи во втората половина на годинава, или почетокот на идната, бидејќи Македонија е во добра позиција и има простор за маневар. За него, приоритет има и образованието на работната сила, но и поголеми инвестиции, како Џонсон Мети", бидејќи се зголемува извозот.
Германската амбасадорка во Македонија Гудрун Штајнакер, посочи дека и покрај позитивните резултати во анкетата има локални фактори за бизнис-климата на кои треба да се работи.
Македонија извезува во Германија стока во вредност од милијарда евра, со тоа стапката на извоз е зголемена за 26%.